|
Агнус Деи е латински
превод на 'Божјо Јагне',
како што е нарекуван
неколку пати од пророците
и народот Исус.
Таа е воздухот околу
нас,
Таа е од дрвата и од морето,
Поминува низ нас брзо
оставајќи не замислени.
Таа е сигналот и шумот,
Струјата и акустиката,
Импулси од синусоидата.
Во тебе и во мене,
Над небо и под земја,
Скриена во космичка
прегратка.
И да не ја слушаш, да не
ја приметуваш,
Потсвеста твоја е будна,
За секоја поинаква
нота.
Таа е божество,
Таа е инспирација,
Таа е музика!
Влијанијата се големи
од скоро сите жанрови
музика. И покрај разликите
меѓу нив, ги поврзува
длабочината на хармониите,
комплексноста на мелодиите,
големата импровизација
и виртуозноста на инструменталистите.
Благодарам на сите
за поддршката и слободно
пишете за било какви
размислувања и предлози.
|